ХАОС: ГЛОРИЈА ДОНЕСЕ СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ШТИП – ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ПАДНА ОКОЛУ 50 Л/М2 ВОДЕН ТАЛОГ

loading...

Страшно невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи и громови, силен ветер и појава на град услови во текот на вчерашното вторничко попладне циклонот во Штип како и во раните вечерни часови.

Силното невреме за кратко време услови да наврне воден талог дури до околу 50 л.м2.

Барем засега нема информации за евентуални штети или поплавени домови од силното невреме кој го зафати овој град.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

За потсетување, попладнево и вечерва како и утре особено попладнето и рано вечерта особено во западните, југозападните, локално во јужните и во источните предели како и во Скопскиот регион ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и повторно застапени во форма на невреме проследено со интензинзивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град,

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека исто така додека траат електричните празнења електричните уреди во домот задолжително да се исклучуваат од штекер.