„Хармониките“ на ЈСП од утрово низ скопските улици (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Новите автобуси на течен нафтен гас кои ги купи Град Скопје од утрово се пуштени во сообраќај од страна на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

Станува збор за првите седум од 33-те нови автобуси кои пристигнаа во Скопје на крајот од мај.

Станува збор за автобуси на гас, за кои тендерот го доби „Ауто Хрватска ПСЦ“.

Имено автобустите наликуваат на старите „хармоники“ или дупли автобуси кои со помош на вториот надодаден дел од автобусот собираат многу повеќе патници во нив.

Се очекуваат реакциите на граѓаните по првото возење во овие нови автобуси.