Хаусерова диета: Ослабете 3 кг за 7 дена

ИЗВОРСкопје24
|

Нутриционистот Гејлорд Хаусер уште од средината на минатиот век апелирал за важноста на здравата исхрана и решил да состави седумдневна диета од овошје и зеленчук. Со помош на оваа диета ќе го растворите вишокот масти во телото, а истовремено телото ќе го снабдите со сите витамини и минерали при што ќе загубите три килограми за една недела.

Ако не сте љубител на овошјето и зеленчукот, богатото и разновидно мени сигурно ќе ви одговара.

Хаусер јадењата ги класифицирал во седум групи, а сите нив можете да ги комбинирате во текот на оваа недела.

Прва група

Овошни сокови – природни сокови од рибизла, портокал и грејфрут.

Втора група

Сокови од зеленчук – природни сокови од домат, кисела зелка и морков.

Трета група

Топли чаеви – приордни чај од нане, листови од јагода или мајчина душица.

Четврта група

Различни пијалоци – црно кафе без шеќер, црн чај без шеќер со лимон.

Во четвртата група влегува и топлата Хаусерова каша, која се подготвува на следниот начин.

Подготовка: Земете една полна чаша целер исецкан заедно со стеблото и листови, полна чаша сецкани моркови, половина чаша сецкан спанаќ, лажица сецкан магдонос, лажичка сол, еден литар вода, чаша сок од портокал и малку кафеав шеќер или мед. Сето тоа се вари заедно половина час, потоа се цеди и се пие.

Петта група

Млечни напитоци – јогурт од немасно млеко, кефир, млеко и сурутка.

Шеста група:

Свеж зеленчук – морков, целер, магдонос, спанаќ, краставица, пиперка, млад грав, кељ, кисела зелка, карфиол, цвекло, грашок, тиквици и лук.

Седма група

Свежо овошје – портокал, грејпфрут, ананас, лимон, јаболка, праска, грозје, круши, кајсии, бобичесто овошје и лубеница.

Како функционира Хаусеровата диета?

Од оваа листа можете да направите мени за седум дена, а многу е важно оброците да бидат што е можно поразновидни. Јадете го зеленчукот свеж или пак зготвен на пареа, во солена вода, обарен или печен, на тавче без додаток на масти и зејтин.

Забранети се било какви додатоци за подобрување на вкусот, освен соја сос, мед, кафеав шеќер и сол.

Во текот на денот не смеете да конзумирате повеќе од три чаши од петата група.

Дозволени се мешани јадења, а сите видови на овошје и зеленчук можете да ги комбинирате со јогурт или лимонов сок. Ова се однесува и на салатите кои можете да ги зачините со сос од соја.

Забранети се намирници кои не се наведени во групите, а притоа се мисли на банани, компир, леб, путер, шеќер, маст, месо и алкохол.

Јадете колку можете, бидете сити, но без претерувања.