Хелен Мирен стана кумa на последниот брод изграден во хрватското бродоградилиште „Уљаник“

ИЗВОРскопје24
|

Британската актерка Хелен Мирен (74) стана кума на луксузниот поларен крузер Scenic Eclipse, последниот брод изграден во пулски Уљаник, пренесува „Глас Истре“. Актерката го изговори традиционалниот благослов на пристаништето на њујоршкиот терминал Менхетен , а потоа со удирањето шише од трупот на бродот официјално се означи почетокот на животот за овој крстосувач.

Крузерот отпловил од Пула на крајот на јули, а првите 228 патници се качиле на 15 август и продолжил да плови од исландски Рејкјавик кон канадски Квебек. Потоа отпловил за Њујорк. Тој е во сопственост на компанијата „Скеник“, која ја предводи Австралиецот Глен Морони.

Хелен во нејзината кариера е наградена со Оскари, Тони и Еми, а призна дека никогаш не крстарела и ѝ било голема чест што е кума на величествен брод.

Таа вели дека поканата ја прифатила затоа што пред градителите на бродот биле поставени највисоките еколошки стандарди, со цел тој да има што помало влијание врз околината на чувствителните морски области.

Извор: Makfax