Хелена Роза се огласи по силниот земјотрес во Нов Зеланд каде живее со семејството

ИЗВОРСкопје24
|

Во текот на вчерашниот ден Нов Зеланд го затресоа три разурнувачко силни земјотреси. Првиот бил со јачина од 7,3 степени, вториот од 7,5 степени, а третиот од 8 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров.

Некогашната македонска водителка Хелена Роза која заедно со семејството веќе неколку години живее во Нов Зеланд веднаш се огласи по првиот земјотрес од 7,3 степени.

Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од апликацијата која покажува каде имало земјотреси и со колкава јачина, а во описот напиша: „Ние сме ОК“, кратко напиша Хелена Роза.

Инаку, повеќе земјотреси вчера имаше и во Грција, во близина на Лариса, од кој најсилниот беше со магнитуда од 5.9 степени според Рихтер и истиот беа почувствуван и во Македонија.