Херој на денот: Возач на Брза помош пешачел 5 км низ снег за да му помогне на пациент (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Снегот кој падна во поголемиот дел од Европа деновиве направи вистински проблеми за граѓаните. Оние кои се најдоа некаде низ патиштата сепак поминаа најлошо затоа што снегот ги затекна неподготвени, а голем дел од нив останаа и заглавени во снегот.

Освен самиот снег дрвата и одронот од карпите кои паѓаат на патот пореди тежината на снегот можат да бидат вистинска опа сност за секој возач. Не само што моментот кога паѓа дрвото може да биде штетен, туку и соборените дрвја едноставно го оневозможуваат поминувањето на возилата.

Возач на Здравствениот дом во Власотинце, во Србија, Срѓан Радичевиќ тргнал вчера утрото во 6 часот за да транспортира пациент од Липовица за хемодијализа во Лесковац. Сепак, тој бил оневозможен. Во меѓувреме паднало уште едно дрво поради обилните врнежи оставајќи го возачот заробен на патот. На половина пат за назад, тој морал да излезе од возилото и да пешачи.

Така заглавен, без сигнал од мобилната мрежа, тој пешачел околу 5 км додека не добил сигнал и ги повикал своите колеги за помош. Додека чекал пациентот тие морале да го остранат и дрвото кое го попречувало патот.

– Јас и мојот колега Иван Давиниќ отидовме да ја земеме пилата на Срѓан во неговата куќа и отидовме да ми помогнеме. Кога го сретнавме, започнавме да отстрануваме дрвја од патот и така стигнавме до пациентот – вели шефот на возниот парк на Здравствениот дом во Власотинце, Зоран Кочиќ.

Возачите не чекале помош да дојде од страна, сфатиле дека во таква тешка и итна ситуација, само тие можат да си помогнат со свои раце. Пациентот од Липовица без дополнителни проблеми бил пренесен во болницата во Лесковац.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.