Хит-фото: РОНАЛДО И МЕСИ продаваат пченки на плажа

|

Тие се најдобрите двајца фудбалери на денешницата и големи ривали. Тие се секогаш еден против друг и незамисливо е да се гледаат во „ист тим“.

Или така беше досега. А сега го гледаме токму тоа! Меси и Роналдо се заедно на плажа, во истиот тим, со тенџере во рацете, што, судејќи според фотографијата, не е многу лесно.

Овој необичен момент е снимен на Поморје во Бугарија, а фотографијата, која беше споделена на Фејсбук, се шири низ целиот свет многу брзо.

Станува збор за двајца продавачи на пченка, кои носат маички на фудбалските идоли, а интересно е што минувачите ги викаат со презимињата на фудбалерите кога сакаат да купат пченка, пишува „монитор.бг“.