ХИТ ВИДЕО: Гуштер од два метри влезе во продавница во Тајланд – купувачите врескаа, а потоа животното почна да се качува по рафтовите

ИЗВОРСкопје24
|

Жителите на Тајланд деновиве беа сведоци на една навистина несекојдневна случка, што наликува на научно фантастичен филм со примеси на хор ор елементи. Имено рептил сличен на гуштер со големина од 2 метри влегол во продавница во Тајланд, најверојатно во потрага по храна и предизвикал вистинска возбуда.

Застрашувачки гуштер влетал во супермаркет во главниот град на Тајланд, Бангкок и предизвика вистински хаос кога многу клиенти започнале да трчаат кон вратата, врескајќи и уништувајќи сè пред себе за да се спасат од рептилот.

Сепак, иако изгледа како вистински ѕвер, овој вид гуштер нема ништо лошо да им луѓе, а се верува дека завршил во продавницата откако излегол од еден од блиските градски канали. Тоа сепак не го менува фактот дека изгледа застрашувачки и никој не би сакал да му се доближи.

Животното се качувало на рафтовите и полиците во продавницата, уништувајќи ја стоката, а една девојка собрала доволно храброст да го сними гуштерот, откако се искачи на врвот на полицата, најблиску до светлината и остана таму скоро час. Се претпоставува дека на гуштерот му било ладно.

Патем, експертите за тој вид животни тврдат дека тие се искачуваат на височините само во случај на голем страв, поради што работниците од здружението за заштита на животни веднаш дошле по заскитаниот гуштер.

– Не успеаја да го фатат, тој самиот излезе и избега од продавницата. Зад нас има шума, па веруваме дека тој отишол таму – вели една од работничките во продавницата и додава дека никогаш не видела гуштер со толкава големина.

Патем, веќе некое време има суша на Тајланд, па се верува дека животното барало храна. Имено, овој вид живее во канали и се храни со риби, змии, жаби и остатоци од храна оставени од луѓе. Поголемиот дел од каналите се исушија во последните неколку недели.