Холивудскиот актер опериран: Драгана Мирковиќ „му го спаси“ животот на Жан Клод Ван Дам

ИЗВОРСкопје24
|

Драгана Мирковиќ му го спасила животот на нејзиниот долгогодишен пријател Жан Клод Ван Дам така што ги пронашла најдобрите лекари во Виена кои веднаш го оперирале. Светски познатиот актер со години имал проблеми со простата, а бидејќи здравствената состојба му се влошувала морал под итно да направи интервенција.

Пејчката и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ дознале за интервенцијата, а бидејќи ги познаваат најдобрите доктори, им кажале за здравствениот проблем, а тие предложиле веднаш да се направи интервенција.

„Драгана и Тони ги покренаа сите врски кои ги имаат за да може да помогнат на пријателот. Тие се сакаат како да се роднини. Клиниката каде што беше опериран Жан Клод важи за една од најдобрите во Европа. Тука се оперираат политичари, ѕвездите од шоу бизнисот. Загарантирана им е приватност, најдобра нега, а мора да исполнат само еден услов – а тоа е да имаат длабок џеп. Имено, само сместувањето изнесува 2000 евра од ден“, вели извор кој е запослен во клиниката и додава:

„Тој навистина беше прекрасен, љубезен. Кога ќе ни се обратеше за било што изгледаше срамежливо, ненаметливо. Кај нас беше сместен 10 дена, а потоа беше пуштен на домашно лекување. Мислам дека Драгана Мирковиќ го донесе кој нас, не знам, не работев тој ден, но колегите велат дека била тука. Секој ден му пристигнуваше свежо цвеќе, овошје, се гледа дека се пријатели и дека се сакаат“ вели изворот.