ХОРОСКОП: Каде ќе ја пронајдете љубовта според најмоќниот астро календар?

ИЗВОРСкопје24
|

ОВЕН (21 март – 20 април)

Ако повеќето време го поминувате дома, мали се шансите за да запознаете партнер, ама затоа направете вечера и замолете го пријателот со себе да донесе некоја роднина или пријател. Идеално место: вашиот дом, супер маркет (каде што ги купувате намирниците за домашна забава).

БИК (21 април – 20 мај)

Најдобар начин за да запознаете некој или да привлечете нечие внимание треба малку да се „фолирате“. Покажете ги вашите силни страни. Пробајте со реченицата “Ќе ти направам вечера, доколку ми ветиш дека ти ќе го направиш доручекот”. Идеално место: продавница.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Овие знаци немаат проблем во пронаоѓање на пријатели, ама кога станува збор за партнер тоа е веќе друга приказна. За да најдете партнер одете што почесто на прошетка. Кога ќе се дистанцирате од познатата околина, лесно ќе стапите во комуникација. Идеално место: парк, прошетка околу река, шума.

РАК (21 јуни – 22 јули)

Некоја посебена личност, можете да запознаете на уметнички курс или во некоја танчерска група. Во секој сличај пред да пронајдете партнер добро би ви дошло и мала доза на култура. Ако сте повеќе спортски тип, пробајте со трчање во парк или запишете се во теретана. Идеално место: концерт на отворено, музеј или кино.

ЛАВ (23 јули – 22 август)

Добар начин за да станете поприступачни е да се приклучите на волонтерска организација. Ќе изгледате нетолку замислени доколку работите во добротворни цели. Овие знаци често делуваат премногу над светот, па потребно е да се појавите во опкружување. Идеално место: било каква организација, клуб на читатели, поетска секција.

ДЕВИЦА (23 август – 22 септември)

Спаѓате во групата на луѓе кои се склони на романтика и на работа, и на плажа и на планина… било каде. За вас само потребно е да одличите да го пуштите партнерот во својот живот. Идеално место: зајди сонце.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Страсен партнер можете да најдете во бар. Движете се и по спа центри, таму ќе запознаете особа која ќе знае да ви удоволи на сите ваши сензуални потреби. Идеално место: вински бар, концерт во фоајето на хотелот.

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)

Сакате ексклузивни, софистицирани, едноставно сакате убави места, а за да најдете некој кој исто така, ги сака убавите места изберете интересно место. Ако сте спортски тип, добар избор е рафтинг патување. Идеално место: спа центар, дегустација на вино.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Тешко пронаоѓате партнер, бидејќи едноставно неможете да седите на исто место подолго од 1 секунда. Единствена можност е да се запишете на некој курс кој ќе ве присили да бидете одредено време на исто место. Идеално место: интернет.

ЈАРЕЦ (22 декември – 19 јануари)

Кога се занимавате со тешка работа, тогаш сте најопуштени, лесно комуницирате и помалку внимание обратувате на карактерните ситници. Идеално место: работилница “сам свој мајстор”.

ВОДОЛИЈА (20 јануари – 18 фебруари)

Иако никаков проблем немате за започнување на пијателство, но вистинскки предизвик ви е да најдете партнер. Привлечни сте кога ја покажувате својата креативна страна. Да се приклучите на аматерска актерска група може да ви користи во љубовниот живот. Идеално место: курс по сликање, пеење во хор.

РИБИ (19 фебруари – 20 март)

Под тоа, совршено испланирано и пресметано лице се крие права роматична особа. Немојте да се плашите да ја покажете таа ваша страна. Исто така, духовно ориентирани собири и духовни семинари може да се покаже како полн погодок за „лов„.Идеално место: изложба на фотографии, танц.