Хороскопски знаци кои оваа пролет ќе имаат најмногу среќа во љубовта

ИЗВОРСкопје24
|

Хороскопски знаци кои оваа пролет ќе имаат најмногу среќа во љубовта се Овенот, Бикот и Близнаците, пишува Elite Daily.

Овен

Со оглед на тоа што Венера влезе во нивниот знак на 21 март, веќе почна романтичниот период за Овните. Оваа пролет тие ќе се чувствуваат полни со самодоверба и оптимизам, доволно за да ја дочекаат подготвени новата љубов, знаејќи колку вредат и што имаат да понудат.

Бик

Романтичните Бикови се секогаш подготвени за љубов, а овој април ќе имаат бројни прилики таа желба да ја остварат. Кон средината на април ќе запознаат нови потенцијални партнери, а кон крајот на месецот ќе почувствуваат која личност е вистинската за нив.

Близнаци

На Близнаците најдобро ќе им оди на почетокот на мај, кога ќе се пружат бројни прилики за флерт, но и нешто повеќе. Најдоброто време за љубов ќе биде кон крајот на месецот кога ќе се случи сериозна промена во нивниот љубовен живот.

извор: кајгана