Хрват склопува авион во својот двор (Видео)

ИЗВОРСкопје24
|

Хрватот Роберт Седлар од Забок купил авион и го пoставил на неговиот имот во Стрмец Стубички во Хрватско Загорје.

„Се работи за авион Фокер Ф-100 со 109 патнички места. Авионот го користеле авиокомпании од Индонезија, Бразил и Мексико, а веќе неколку години беше на аеродромот во Осиек“, истакнал Седлар за Загорје.ком.

Седлар признава дека неговата идеја се граничи со лудило.

„Јас го купив авионот и сега е на мојот имот. Мојата идеја се граничи со луд*ло, но бев подготвен на сè за да го купам авионот, да го расклопам и повторно да го составам“, објаснил Седлар. Тој додава дека се заблагодарува и на Зденко Грабушиќ, кој бил одговорен за расклопување на авионот.

„Проектот е во тек, завршивме два од три чекори и имаше предлози да го напуштам проектот ако наидам на несовладливи бариери“, додаде Седлар.

Ако повторно го склопи леталото, Седлар вели дека ќе го изнајмува авионот за разни настани.

„Ќе може да се користи за разни снимања, момински и ергенски вечери, а во пилотската кабина ќе има и два симулатора за летање наменети за деца“, вели Седлар./Makfax