Хрватски остров дава екстра плата, стан и бонус од 6.700 евра, но никој не сака да работи

ИЗВОРСкопје24
|

Најголемиот проблем во Центарот за здравство е тоа што поради недостатокот на медицински сестри, во многу ординации лекарите и стоматолозите се принудени да работат сами.

Моментално достапните лекари не сакаат да започнат со работа, на пример, на Ластово или Вис. Поради оваа причина, позицијата за лекар во Сучурја на Хвар кој ќе треба да се грижи за 300 пациенти е постојано отворен. Покрај платата се нуди и стан и годишен бонус од 50 000 куни, но за жал никој не се јавува. Поради тоа, тројца лекари во Јелса патуваат секојдневно и се префрлаат во амбулантата во Сучурја.

Како раководител на Здравствениот центар не можам да ги убедам младите лекари да одат на островите и во Загора. Моментално ни недостигаат тројца лекари кои ќе бидат вработени на неопределено време. Недостатокот на лекари се уште е мал, но тоа претставува сериозен проблем, вели Петрич Хини.

Минатото лето тројца лекари со полно работно време кои ги покриваа амблулантите во Сучурја, Селце на Брач и Грохота на Шолта дадоа отказ и отидоа да работат како замена во Сплит, вели Петрич.

Имајќи го во предвид Законот за здравствена заштита, во итната помош може да работат млади лекари кои штотуку завршиле медицински факултет и на тој начин да стекнат искуство. Во моментот во Центарот за здравство се вработени околу 20 такви лекари.

Тие ги менуваат докторите кои се на специјализација, на боледување или во пензија. Ваквиот начин на работа ќе се одвива додека самите тие не се специјализираат. Проблемот во тоа е што ова нема да може да остане пракса, бидејќи од 1 јули 2020 година само тие кои се со специјализација ќе можат да работат во семејната и итната медицинска помош.