И по две години се потсетува на него – „Бекстејџ“ во домот на Влатко Илиевски (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот пејач Влатко Илиевски пред две години за жал го напушти овој свет а зад себе ги остави родителите, сестрата како и големиот број на песни и фанови.

И по две години, неговото семејство, пријатели, колеги се уште не може да го прифатат фактот дека македонската ѕвезда повеќе не е меѓу нас.

Тамара Тодеввска по повод две години од заминувањето на Влатче, на социјалните мрежи напиша емотивен статус за својот пријател, колега истакнувајќи дека секој ден и недостига да ги споделуваат заедничките моменти.

Екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ деновиве го посети домот каде што живееше Илиевски со неговото семејство. Имено, тој живееше во скопската населба Ѓорче Петров заедно со неговите родители и неговата сестра.

Родителите на пејачот ги отворија вратите од својот дом за „Бекстејџ“, а како што велат секое коше потсетува на Влатче.

слика

На ѕидовите преовладуваат постери, фотографии, а Влатко беше љубител и на уметничките фотографии со клонови.

слика

Во продолжение погледнете како изгледаше домот во кој живееше Влатко Илиевски.