Сикоќа во Флорида, САД, каде што живееше долги години, почина познатиот македонски актер Димче Мешковски, на 77-годишна возраст.
Неговите колеги денес преку социјалните мрежи со убави зборови, се простуваат од него, а еден од нив беше и неговиот актерски колега и пријател Игор Џамбазов.
– Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми есплодираст спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хијирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу кеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари… , напиша Џамбазов во емотивната посвета под сликата на Димче.
Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје, а почина на 77 годишна возраст.
Беше глумец во Драмски театар-Скопје.