Игор Џамбазов слави роденден: На денешен ден пред 40 години станав полнолетен (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Најомилениот актер, пејач, водител и шоумен на сите генерации, Игор Џамбазов денес, го слави својот роденден, а откако стана активен на социјалните мрежи постојано објавува интересни фотографи, таков беше случајот и денес.

Игор во негов стил, на својот инстаграм-профил сподели слика со едноставен дизајн на кој стоеше само бројката „58“, а во описот додаде: „На денешен ден пред 40 години, станав полнолетен“.

Под објавата се редат илјадници честитки и желби од неговите бројни обожаватели и пријатели.

„Среќен чале“, напиша актерката Јелена Јованова, „Да си жив и здрв омилен човеку. Остани одличен како петката и бесконечен како осмицата“, „Уште толку да си дочекаш, па после кој сака нека ум*ра“, „Да си ни жив и здрав и секогаш среќен, легендо“, „Младичу, среќен роденден. Среќата е важна, годините не! Важно да ти се множат а да си ни ти здрав и жив“, беа само дел од честитките.

А неговата сакана, Илина Арсова роденденот му го честиташе на уникатен начин. Нашата позната алипинстка на својот инстаграм-профил сподели „Среќен роденден љубов моја“ со цртеж во облик на срце.

А потоа следеше и принтскрин фотографија од нивен видео разговор.