Игор Џамбазов со една реченица ги расплака фановите на Тоше

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска се навршуваат 13 години од заминувањето на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески, па голем број негови колеги како и фанови уште од вчера се присетуваат на големината на овој наш великан.

Додека повеќето се сеќаваат со објавување на заедничка фотографија и раскажување на кратка приказна поврзана со заедничкото дружење, актерот и шоумен Игор Џамбазов, кој исто така беше негов голем пријател уште од самиот почеток на кариерата, со само една реченица ја кажа целата вистина и ги расплака фановите.

„Поминаа 13 години, а ништо не научивме од него… Тоше“, напиша Игор на својот инстаграм профил, а во коментарите од стотици фанови се приклучи и Калиопи која се сложи со констатацијата на многумина дека таков човек повторно нема да се роди.

Во чест на Тоше десет маратонци денеска напладне треба да стигнат во Крушево. Поради здравствената криза, годинава маратонот се одржува само во границите на нашата држава – од преминот Табановце преку Скопје до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе.

Годишнината ќе биде одбележана кај новозиграденото спомен-обележје на неговото почивалиште на Гумење.

(Н.Ј.)