Игор и Илина уживаат во нивната љубов, сега имаат огромна причина за славење

ИЗВОРСкопје24
|

Игор Џамбазов и Илина Арсова откако ја започнаа љубовната врска постојано го поминуваат времето заедно, тие се буквално неразделни. Парот не ја крие својата среќа, па често на социјалните мрежи знаат да споделат заеднички фотографии.

Сега пак Илина и Игор имаат огромна причина за прослава, односно тие направија една година откако ја започнаа љубовната врска. По тој повод, Игор на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија, а во описот напиша емотивна порака.

„Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: “А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланусот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае…,“, напиша Џамбазов.

После оваа објава следеа низа честитки.