Игор после Инстаграм драмата објави фотографија со Северина: „Љубов која не се мери со следење и лајкови“

ИЗВОРСкопје24
|

Долго се зборуваше дека во бракот на Игор и Северина не цветаат рози, па во еден момент и се отследиле еден со друг на социјалните мрежи.

После разните приказни дека се разделиле, бидејќи Игор сакал да живее со родителите и со сопругата под ист покрив, а на Северина тоа не ѝ се допаднало, Којиќ ја прекина мистеријата со најновата објава на Инстаграм.

Тој објави фотографии на кои најпрво тој ја бакнува Северина во образ, а потоа таа него, а под фотографиите напиша:

„Љубов која не се мери со следење и лајкови. Мојот ангел, најубавата душа и најдобрата мајка на светот.“