Им дал 100 евра за да не му го поправат телефонот: Фотографија од порака која стана хит во регионот

ИЗВОРскопје24
|

Модерната технологија тежнее кон тоа да уништи многу бракови и врски. Телефоните станаа центар на светот. Тоа најдобро го знае неименуван маж кој бил подготвен да даде голема сума пари само да не му се поправи телефонот.

Тој го оставил својот телефон во сервис за телефони и оставил порака со молба:

„Ве молам кажете ѝ на мојата сопруга дека телефонот не може да се поправи. Таа сака само да ја види листата на повици. Овие 100 евра се за вас. Ви благодарам“, напишал тој во пораката.