Има 24 години и вози автобус: „Ми велат дека сум преубава за оваа работа“

ИЗВОРСкопје24
|

Џоди Ди од Бренвуд има 24 години и по професија е возач на автобус. Да, добро прочитавте оваа убава девојка уште од мала сонувала да ја работи оваа работа, додека останатите и велат дека таа е преубава за да ја работи оваа работа.

Џоди љубовта кон возењето на автобус ја развила уште како дете. Три години работела како негувателка пред да почне да вози автобус. Признава дека често е во центарот на вниманието поради својот изглед.

“Добивам многу коментари од патниците, во главно мажи. Кога ќе влезат во автобус, секогаш е истата реакција и секогаш ми велат дека сум убава, или дека не виделе толку убав возач”, вели Џоди.

“Луѓето ми велат дека сум премногу убава да бидам возач, од жените добивам коментари на сметка на мојата шминка и нокти”, додала таа.

Џоди вели дека нејзиниот изглед и го отежнува дружењето со колегите возачи. Вели дека проблем се и нејзините години, бидејќи нема жена возач на нејзина возраст.

Џоди вели дека планира да вози автобус до својата пензија. Таа е квалификувана за возење на автобус и лимузина, и мора да полага испити за да остане во најдобра форма.