Британската тенисерка Франческа Џонс со своите 20 години се избори за место на главниот турнир на првиот Грен Слем за оваа година – Австралија Опен.
Франческа е роден со генетско наушување кое е многу ретко, наречено ектодактилија, што резултира во раѓањето на само осум прсти на рацете и на нозете.
Лекарите ја уверувале младата тенисерка дека нема да успее да стане професионална тенисерка, но таа го докажа спротивното. Франческа е рангирана на 241 место на ВТА ранг-листата.
Од деветгодишна возраст тренира на академија во Барселона, каде тренирале и Британецот Енди Мареј и Шпанецот Рафаел Надал.