Имала дури 115 килограми: Тијана Дапчевиќ го раскажа своето искуство со вишокот килограми за време на бременоста

ИЗВОРСкопје24
|

Нашата пејачка со српска адреса на живеење, дивата Тијана Дапчевиќ го сподели своето искуство поврзано со вишокот на килограми што ги насобрала за време на бременоста и начинот на кој ги загубила.

Имено, пејачката изјави дека во периодот кога била бремена, се здебелила 45 килограми и дека имала дури 115 килограми пред да се породи, но и понатаму се чувствувала гладна скоро 24 часа на ден, како и тоа дека честопати прибегнувала кон конзумирање на нездрава храна.

– Буквално носев друга личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Сепак, почнав да губам тежина едвај кога сфатив дека не ми треба диета, туку да го сменам мојот животен стил. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш размислуваме само за храна и што ќе јадеме, а што не треба – изјави пејачката за „Хит Информер“.

Тијана, како што се наведува, сега го започнува денот со овесна каша со чиа и црвено овошје, таа обично јаде мисирка со зеленчук за ручек, и морски бас или морска платика со салата за вечера.

– Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да јадеме без шеќер, брашно и млеко. На тој начин, ќе ја достигнеме посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, јас често се опуштам и се дебелеам – рече Тијана, чија цел е да изгуби уште девет килограми.