Инстаграм воведува новина од денес, во наредните недели ќе има и нова опција

ИЗВОРСкопје24
|

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека нејзината апликација Инстаграм ќе бара податоци за датумот на раѓање на корисниците, почнувајќи од денес, а со цел да понуди нови мерки на безбедност за младите корисници .

До сега освен во ограничени околности, Инстаграм од своите многубројни корисници бараше да се изјаснат само дали имаат најмалку 13 години.

Од компанијата посочуваат дека огласувачите не стојат зад ова ново барање.

Промената на оваа политика би можела да спречи носење на скапи прописи за безбедноста на децата и приватноста на податоците, бидејќи законодавците и групите на семејна сигурност во САД, Велика Британија и другите земји ја критикуваат оваа друштвена мрежа поради изложување на децата кон непристоен материјал.

Како што е објаснето, новите податоци нема да бидат видливи за други корисници.

Инстаграм во следните недели ќе воведе и опции за корисниците кои ќе им овозможат да блокираат пораки од луѓето кои не ги „следат“.

Инстаграм нема да ги проверува податоците кои ќе бидат внесени, но се очекува поголемиот број лица да бидат искрени во врска со нивниот датум на раѓање.

Корисниците кои ги споиле своите профили на Инстаграм и Фејсбук, за што е потребно внесување на датумот на раѓање, веќе ги имаат доставено своите податоци.