Инстаграм воведува нова промена: Оваа опција заминува во историјата

|

Социјалната мрежа Инстаграм постојано прави промени, некои од нив корисниците ги обожаваат, но некои како што е случајов сега, не им се допаѓаат многу. Сопствениците од вчера објавија ново ажурирање со што опцијата „свајп ап“ (повлечи нагоре) повеќе не постои.

Наместо „свајп“, сега има налепница со врска и кога ќе кликнете на неа, ќе ви даде опција да ја посетите таа врска, линк, страница и ќе одите на страницата што е поврзана со налепницата со потврда.

Инстаграм ја објави оваа промена одамна и сега тие ја „пуштија во функција“.

Исто така, сега корисниците можат да одговорат на „сторито“ на која е врската.

Тоа не беше случај со „свајп“ и е уште една новина.