Интервју со првата дама: Стево секогаш знае да ме изненади со уникатни подароци (Видео)

ИЗВОРСкопје24
|

По професија е стоматолог на Клиниката за стоматологија во Скопје и професор на Стоматолошкиот факултет. Од неодамна е и Прва дама на Македонија. Нејзиното име е Елизабета Ѓоргиевска, а повеќе од 20 години е во среќен и хармоничен брак со претседателот Стево Пендаровски, а плод на нивната љубов е синот Огнен кој има 17 години.

Таа вели: Додека сите жени за годишнина добиваат скапи подароци, јас за 10. години брак добив текст кој не би го менувала за ништо. Се вика „Десетка во срце и една во карти”. Мe поддржува во работата. Најсреќни сме дома, сакам Огнен кога ќе порасне да е тука како и сите деца што заслужуваат, вели таа.

Првиот впечаток кога ќе ја запознаете Елизабета Ѓеоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, е дека пред вас стои кревко и нежно суштетство, но по кратко време сликата малку ќе ви се промени. Со младешка енергија, разигран, но префинет моден стил, Бети плени со зрела смиреност, но и непосреден однос и несекојдневна сочувствителност. Таа едноставно е човек покрај кој се чувствувате безбедно. Како таква, како што вели самата, ја форматирало нејзиното матично семејство, но и една лична тр*гед*ја која засекогаш ѝ го променила односот кон светот.

Деновиве во интервју за „Бекстејџ“ Првата дама зборуваше за својот живот, семејство, кариера, обврски…

Што се откри погледнете во видеото: