Итимна, акустична средба на Петар Грашо со скопјан(к)и

|

Најтиражниот и најнаградуван музичар во регионот, хрватскиот пејач Петар Грашо, вчеравечер во салата на Македонската филхармонија, го одржа првиот од предвидените три концерти, во организација на „Авалон“ продукција.

Овојпат, место настап во некоја голема арена, тој се одлучи за интимна, акустична средба со скопската публика, која до крај ја исполни салата, од која цели два часа одекнуваа најпознатите хитови на талентираниот Далматинец: „Ако те питају“, „Увик исти“, „Моје злато“, „Љубав једне жене“, „Ко нам брани“, „Уторак“, „Не знам за се“…

– По настапите во големите сали и арени посакав да одржам серија концерти во помали, поинтимни простори, како што е овој, прекрасната, акустична сала на Македонската филхармонија. Искрено, за мене едни од најуспешните и незаборавни концерти се токму оние три што заедно со Оливер Драгоевиќ, ги одржавме пред десетина години во скопската Универзална сала. Секогаш се радувам на доаѓањето во Скопје, во Македонија, кај моите пријатели, па иако можеби звучам патетично, оваа атмосфера, емоциите што сите ги почувствувавме вечерва, не може никој да ги негира – изјави Грашо за време на првиот скопски концерт.

Публиката, која осумдесет отсто ја сочинуваа неговите распеани обожавателки, што со шеговит коментар го забележа и шармантниот пејач, со своето пеење, кое вешто беше диригирано од самиот Грашо, ги украси сите негови песни, уште од самиот почеток на концертот.