Ирена Спировска заведува и во петтата деценија – И завидуваат и млади девојки (ФОТО)

loading...

Ирена Спировска е познатата македонска топ-водителка, која за многумина ТВ-гледачи во ова пролетно мајско време е забележливо доста атрактивна додека ја води секој ден својата емисија “Алфаскоп” на ТВ Алфа, пред некој ден уште повеќе изненади. Таа се појави облечена во панталони кои и беа во исклучиво силна жолта боја која веднаш на голем број луѓе им даде за повод да ја коментираат. Па, со таа цел “Вечер” ја контактираше згодната водителка за да каже нешто повеќе за овој дел од својата облека поради кој се крена правот.

-Изненадена сум дека луѓето ми ги забележаа моите жолти панталони, покрај толку други случувања кои ги имаме секојдневно во Македонија. И самата се прашував, дали е можно моите жолти панталони да бидат покоментирани на социјалните мрежи, од влегувањето на Амди Бајрам во владата на Заев? Нешто необично се случува. Веројатно дека народот е навистина презаситен од политиката, па си бара забава, токму од онаа префинета со вкус. А, јас сум таква каква сум, ги следам модните трендови.

Оваа пролет во мода се живи јаки боји со цветни дезени. Впрочем кој вели дека на жени во петтата деценија не им стојат јаки светли бои како овие моиве жолти панталони, раскажува водителката која деновиве е презафатена и со манифестацијата “Вешта жена”, но и со својата ќерка Зорица поради тоа што овој мај таа е матурантка, па по дома се подготвуваат за големата семејна веселба….