Ирина Шајк блесна на модната ревија на брендот “Версаче”

ИЗВОРскопје24
|

Руската убавица блескала на модната ревија на брендот “Версаче” на Модната недела во Милано.

Познатиот светски моден бренд “Версаче” ја претставил својата колекција за сезоната пролет-лето, а на модната писта прошетале многу светски ѕвезди. Покрај Џенифер Лопез, тука била и руската манекенка Ирина Шајк, која едноставно блескала.

Некогашната поубава половина на Бредли Купер се прошетала по пистата во минијатурен фустан кој го откривал нејзиното “жешко” тело.

Ирина делува дека има многу самодоверба, а многумина не можеле да го тргнат погледот од неа.

Инаку Ирина Шајк е една од најубавите жени на светот, но во денешно време се поставува прашањето дали таа била убавица и на почетокот на својата кариера.

Манекенката си направи г**ди, нос, уста…Но и натаму е меѓу најубавите жени на светот.

Некои би рекле дека од секогаш била убава, но тоа не и било доволно, па морала да направи неколку естетски зафати. Доволно за Бредли Купер да падне на неа.

Инаку манекенката пораснала во еден од најзагадените градови во Русија, Јеманжелинск, за кој таа ќе каже дека е преубав ако носите маска.

Кога имала 16 години нејзиниот татко изненадно ќе почине, па за неа ќе се грижи неговата мајка Галина, баба на Ирина, која е нејзиниот најголем пример. Кога мајка ѝ ќе ја земе со неа за да ја однесат сестра ѝ на кастинг, персоналот од локалната модна агенција ќе ја забележи и ќе и понуди договор.

„Јас сакав да бидам новинарка. Кога и да го замислував мојот живот и мојата иднина, знаев дека ќе го напуштам родниот град, чувствував дека тоа ми е судбина“, вели таа.

Нејзина пријателка од училиште ќе каже:

„Не можам да кажам дека таа беше убавица. Беше премногу висока, нозете и беа преслаби, а кожата темна. Но, таа беше добра пријателка и секогаш беше насмеана. Долго немав ништо слушнато за неа, за во 2007 да прочитам текст во кој пишуваше за руска манекенка што го освојува Западот“, вели таа.