Исчезна возачот кој ја предизвика сообраќајката на Шабан Шаулиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Исин Левент, кој налета на автомобилот во кој беше фолк пејачот Шабан Шаулиќ исчесна. 36 годишниот Турчин кој се уште чека судење исчезна од градот Гитерслоа. Тој се брани од слобода и единствениот осомничен за сообраќајката.

Никој во локалниот суд не сака да коментира каде е осомничениот и зошто досега не е почнат судскиот процес.

Не помогнал ни притисокот на семејството на Шауиќ зошто процесот се одолговолекува а страстите дополнително го разгори и неприсуството на Левент.

Шаулиќ животот го загуби во сообраќајна несреќа во февруари минатата во Германија кога во неговиот автомобил удри друг автомобил.

Во тужбата стои дека Левент на денот на несреќата возел без возачка дозвола и бил во алкохолизирана состојба.