Полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Групчин ја пронашле дваесет и четиригодишната А.Б. од тетовско Церово, за која на 7-ми месецов нејзината мајка С.Б.(45) пријавила дека се оддалечила од домот.
Како што соопштија од СВР Тетово, со неа бил извршен разговор, при што изјавила дека самоволно заминала од дома и не сака да се врати.
Во друг случај пак, за жал, трагично заврши потрагата по исчезнатиот Т.А. (50) од каменичкото село Дулица.
Од МВР за Курир потврдуваат дека вчера било пронајдено безживотното тело на Т.А.
-Околу 12.30 часот во с.Дулица, општина Македонска Каменица, во близина на неговиот дом бил пронајден починат Т.А.(50) од с.Дулица, за кого неговиот брат Ј.А. на 25.04.2023 пријави дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а понаредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, велат од МВР.
Во потрагата се вклучија и жители од Македонска Каменица, Делчево, Виница и Кочани, а активно учество имаше и од неколку ловни здруженија