Исчистете ги душеците со една состојка – Без перење ги впива бактериите и мирисите

ИЗВОРСкопје24
|

Душеците во домот стануваат легло на бактерии, а со тоа и опасни. За темелно да ги исчистите, еднаш месечно ставете им сода врз нив, оставете ја неколку часа, а потоа едноставно усисајте. Ги впива бактериите и сите непријатни мириси. Истото може да го направите со стариот кауч дома или фотелја.

Освен ова одржувањето домаќинство чисто не е желба, туку потреба, која на луѓето, особено на жените, им станува рутина. Но, дури и оние жени кои се опседнати со чистење и го одржуваат просторот за живеење уреден, заборавете да го исчистите ова место.

Не станува збор за некое скриено место, кое е тешко за наоѓање, туку за многу банално место, но во процесот на чистење речиси секој го заборава. Тоа е главата на вашиот туш, кој крие различни бактерии и микроорганизми за кои не сте свесни.

Истражувачи открија дека во тушот се наоѓаат микобактерии кои можат да предизвикаат проблеми со белите дробови, пишува „Хелт лајн“.

Истражувањето е направено во 656 домаќинства во Европа и во Америка, а пронајдена е споменатата микобактерија. Овој ситен микроорганизам често се наоѓа во главата на тушевите. Симптомите на инфекција на белите дробови од оваа бактерија вклучуваат хронична или повторувачка кашлица, губење на тежината, температура и губење на енергија.

Тоа што ги изненадило научниците е што металните тушеви содржеле повеќе микробактерии од пластичните.

„Доволно е да дишете под тушот, а бактериите преку вдишувањето би можеле да навлезат во белите дробови“, објаснува д-р Барбара Кебер.

Притисокот и топлината на водата во тушот го прават идеален за ширење на бактерии. Но, според д-р Кербер, не треба премногу да се возбудувате бидејќи шансите да добиете воспаление на белите дробови поради оваа бактерија не се толку големи. Факт е дека повеќето луѓе веројатно нема да се разболат од микробактериите во тушевите, но постои чувствителен дел од популацијата кој мора да биде повнимателен.

„Луѓето со послаб имунитет имаат поголем ризик за инфекција“, вели Лен Хоровиц, специјалист за белодробни заболувања.

Превентивни мерки што може да се преземат е редовно чистење на тушот (може да го потопите во алко*олен оцет и вода) и замена кога е тоа потребно.