Исчистете ја пеглата: Нема да верувате колку била валкана

ИЗВОРСкопје24
|

За 10 минути, колку трае целиот процес на чистење, ќе видите неверојатна разлика. Со текот на времето, на секоја пегла се појавуваат траги од прашина, влакненца од облека кои се лепат поради топлотата. Покрај тоа, вашата пегла веќе нема да се загрее и да пегла како претходно.

Да го решите тој проблем, ви носиме еден многу едноставен трик! Се што ви е потребно се две дрвени стапчиња (може и оние за ражничи), еден сад со големина на пеглата, која е отпорна на топлина и малку лимонтус.

Сварете 200мл вода, па во неа растворете лажица лимонтус. Поставете ги стапчињата така да бидат над дното на садот 1-2 цм,во зависност од големината на садот, а потоа на нив прислонете ја исклучената пегла. Водете сметка дека гумените и електричните делови на пеглата, како и кабелот, да не дојдат во контакт со течноста, туку само плочата од пеглата да ја допира водата.

Оставете ја пеглата да стои во течноста 5-10 минути,па исчистете ја со крпа и исушете. Ќе видите драстична разлика!