Исфрлете ги токсините од телото со помош на чај од млади оревови листови

ИЗВОРСкопје24
|

Малку помалку се познати лековитите својства на младите листови, младите плодови и незрелиот плод, кои можат да помогнат кај многу болести, а најделотворни се ако се берат на почетокот од мај.

Младиот орев лекува белодробни болести, ја чисти крвта, го подобрува видот, ги јакне мускулите и коренот на косата, ги дезинфицира раните, ја подобрува функцијата на мозокот, спречува р*к на дојка и простата и др.

Добро е познат како лек за чистење на крвта, а добар е и за лекување на белодробни болести, за јакнење на мускулите и подобрување на видот. Младите зелени ореви се богати со витамин Ц. Во комбинација со мед се одличен лек за болежливи и слаби деца.

Зрелите плодови се полни со масла, се јадат свежи и претставуваат одличен извор на омега 3 масни киселини, кои успешно го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта.

Оревот се користи против инфицирани рани, кожни болести и воспаление на очи во облик на балсам или како бања.

Оревовото масло е добро за нега на косата и заштита од изгореници од сонце. Јатките содржат 65% масло, протеини, јагленихидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамин Б и Ц, железо.

ЧАЈ ОД МЛАДИ ОРЕВОВИ ЛИСТОВИ

Овој чај е особено делотворен, бидејќи во комбинација со медот го јакне и го чисти телото, па на тој начин го подобрува здравјето. Исто така, се користи кај проблеми со варењето, гихт, крвавење на непца, гнојни осипи, вагинален секрет…

Листовите содржат етерично масло со жолтеникава боја, кое во себе има танини и материи со топол и горчлив вкус. Оревовите листови се берат во јуни и јули, а пожелно е да се користат додека се свежи и зелени, бидејќи тогаш содржат најмногу лековити состојки.

Во споредба со другите јаткасти плодови, оревите содржат двојно повеќе антиоксиданти. Само 30 грама ореви дневно може значително да го подобри вашето здравје.