Искрено со Доктор Горан: На почетокот луѓето не ме сфаќаа сериозно и не веруваа дека сум доктор

|

Ако се водиме по изреката, домот е онаму каде што е срцето, тогаш ќе заклучиме дека на родениот Скопјанец и актуелниот доктор на Инстаграм, доктор Горан Трсјковски, домот му е токму во Скопје – градот на неговото семејство и најубавите детски спомени.

Моменталнта ситуација во нашата држава го принуди да се отсели оттука, и да гради кариера во Германија. Денес, после 2 години, тој е повторно дома, и вели дека за овој период ништо се нема променето.

За многу краток период, стана најпопуларниот доктор на Инстаграм во нашата земја, со над 40.000 следбеници, чија бројка од ден на ден расте. Токму тој, личниот и професионалниот живот, посветено и несебично го споделува со јавноста, без никакви услови и барања. И токму поради тоа се издвојува од другите.

Екипата на Бекстејџ ја искористи приликата и разговараше со доктор Горан, па не можеа, а да не го прашаат зошто толку многу сака да се фали со своите мускули.

Доктор Горан е човек полн со оптимизам, разбирање и ведрина, а тоа е она што му недостасува на секој еден од нас.

Целиот разговор погледнете го од видеото во продолжение: