Итно испрскајте го ова по душекот, тепихот и завесите дома – ќе решите голем проблем

ИЗВОРСкопје24
|

За да спречите алергиски реакции, добро би било да го направите овој спреј и со него да го испрскате мебелот.

Бактерии има – во постелнината, теписите, завесите и другиот мебел, важно е на време да го спречите нивното ширење.

Сѐ што ви е потребно е: шише со прскалка, масло од еукалиптус или каранфил и 1 литар вода.

Во водата сипете 20 капки масло и промешајте. Спрејот е добар и за делови од мебелот кои не можете да ги перете, а за постелнината и завесите маслото користете го така што неколку капки од него ќе ставите во детергентот кој го користите.

Најдобар начин како туш кабината да ви изгледа како нова – со ова купатилото ќе блеска

Сигурно и на вас чистењето на купатилото ви е најдосадната работа низ дома. Без разлика колку го чистите, по кратко време, тврдокорните дамки од сапун и трагите од вода повторно се појавуваат.

Со употреба на природните производи за чистење како што се киселината и сода бикарбоната постои помала веројатност за надразнување на кожата и создавање на дишни алергии отколку при користење на купечките, хемиски средства. Затоа ви предлагаме да направете домашно и ефикасно средство, за кое ви се потребни само 2 состојки кои сигурно ги имате во кујната. А истовремено ќе заштедите пари, време, но ќе имате и совршено чисто купатило.

Состојки: 1 чаша детергент за миење садови и ½ чаша сода бикарбона

Подготовка: Во сад ставете го детергентот за садови и додајте ја содата. Измешајте убаво за да добиете паста. Садот поклопете го со капакот и пастата користете ја по потреба.

Пастата нанесете ја врз валканата површина и оставете да делува неколку минути. Потоа пребришете ја површината и добро исплакнете.

Оваа комбинација добро ги отстранува тврдокорните дамки, па дури и ‘рѓата. Можете да ја користите за чистење на сите делови од вашето купатило, особено за туш батеријата, туш кабината и керамиката.