Во период кога Министерството за финансии најавува Измени на законот за финансиски друштва со кои нуди поголема заштита на граѓаните коишто ги користат нивните услуги, порталот „Фактор“ направи една теренска и практична анализа за тоа колкава може да биде довербата на потрошувачите кај давателите на таканаречените брзи кредити.
ИутеКредит има најтранспарентна постапка за аплицирање за кредит, без скриени трошоци и најниска каматна стапка.
При склучувањето на договорите за брз кредит во висина од 30.000 денари, предмет на анализа беа трошоците кои се наплатуваат доколку договорот за кредит е склучен на период на отплата од шест месеци, но беше испитана и можноста да се врати кредитот еднократно за две недели со ден-два рок за толеранција по добивањето на сумата. Беа позајмени по 30.000 денари со ист пристап во барањето од следните финансиски друштва: М-Кеш, Флекс Кредит, Тиго, СН Финансии и Иуте Кредит.
Истражувањето беше изведено во периодот од 10 ноември до 15 декември минатата година.
Склучените договори со финансиските друштва беа предмет на анализа кај експерти во својата област и на следната табела се прикажани ставките на задолжување за секој подигнат кредит, како и стапката на вкупни трошоци:
Теренската и практична анализа покажа разноликост во однос на квалитетот на услугата, сиурноста и заштитата на податоците, договорите за кредит, како и пресметката и наплатата на вкупните трошоци од страна на финансиските друштва. Единствено Иуте Кредит Македонија експлицитно ги прикажува и каматата и провизијата за одобрување по договорот за кредит и при тоа нема предвидени други надоместоци и трошоци за дополнителни услуги. Заклучокот е евидентен дека ИутеКредит е најдоверлив кај финансиските друштва.