Избери ХОТЕЛ, чаша ВИНО и уживај во КИНО за петочки after work

loading...

Една поинаква афтер-ворк забава во кино „Фросина“, во рамките на фестивалот „Синедејс“ (17. Cinedays 2018, Cinedays Festival of European Film) со филм, вино и шанса за награда.

Ве каниме да си изберете еден филмски „хотел“, и тоа бесплатно. Сакате „Хотел Југославија“ или „Хотел Гагарин“. Два филма од различни земји и со различни приказни што ги поврзува хотел. По еден филм во две различни „хотелски соби“ – кино „Фросина“ и Џебно кино. За најсреќните, подаруваме две ноќевања за двајца во скопски хотел. Изберете си го вашиот „хотел“ и дојдете да наздравиме со чаша вино.

Кликнете invite за да помогнете да се рашири муабет. Се чекаме во фоаје! „Хотел Југославија“, 2017, реж. Никола Варниер, Швајцарија (78 мин.)

Изграден во Нов Белград во 1969 година, хотелот „Југославија“ беше митско место. Тој беше и симбол и сведок на разните моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: од Тито до Милошевиќ, од социјализам до национализам, од бомбардирањата на НАТО до корумпиран економски либерализам. Денес, тој сѐ уште го прогонува белградскиот пејзаж, како одраз на едно српско општество во потрага по нови достигнувања. Со ова патување низ времето и просторот на зградата, режисерот, кој е Југословен по мајка, но роден во Швајцарија, ја истражува колективната потсвест, како и делови на сопствениот идентитет.

Фестивали и награди / Festivals and Awards:
São Paulo International Film Festival; Berlin International Film Festival; Taiwan International Documentary Film Festival; Thessaloniki Documentary Film Festival; Architecture Film Festival Rotterdam