Изданија кои ќе ве освојат од прва – Сопругата на претседателот Пендаровски е дама со стил

ИЗВОРСкопје24
|

Здравствената криза во која се најде целиот свет придонесе да ги смениме навиките, па многу нешта повеќе не се исти. Вонредни мерки, заштитни маски и ракавици, физичка дистанца.

Сето ова стана дел од нашето секојдневие па не би било интересно доколку не го следиме трендот кога секако знаеме дека сето ова нема да исчезне туку така.

Многу дами покажаа дека во целата здравствена криза и напнатост која владее кај кого повеќе кај кого помалку знаат да бидат секогаш во тренд и се покажаа како доста успешни.

Како една од сите нив ја издвојуваме првата дама, прекрасната Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски. Фотографиите кои таа ги објавува на социјалните мрежи говорат дека таа е жена со стил, па секоја нејзина комбинација се вклопува совршено со заштитната маска.

Првата дама е пример дека секогаш може да изгледаме совршено, а воедно и да го штитиме нашето здравје.