Изгаснат пожар во неколку објекти на улиците „Цветан Димов“ и „Ремзи Хоџа“ (ВИДЕО)

ИЗВОРТелма
|

Неколку објекти на улиците „Цветан Димов“ и „Ремзи Хоџа“ (поранеша „Чаирска“) во скопската Општина Чаир попладнево беа зафатени од пожар.

Околу 17 часот, како што потврдија од МВР и противпожарната бригада на Град Скопје, добиле известување дека избувнал пожар, кој зафатил два дуќани – сервиси за велосипеди и за мотори, една куќа и чајџилница.

Повредени лица како последица на пожарот нема, соопштија од МВР.

Припадници на Противпожарната бригада со неколку возила околу 18.30 часот го изгаснаа пожарот.

-Интервенција на Цветан Димов Чаир. Дојава за запалена работилница поради згуснати куќи дуќани и згради опасноста беше голема, а брзата интервенција на БППЗ- Скопје спречи поголема катастрофа. Благодарност и до Доброволно друштво Бајрам Мифтари од Чаир, информираат од Пожарна Скопје за Курир.