Изгледа уште помладо: Џенифер Лопез со нов имиџ, ги воодушеви фановите (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Џенифер Лопез е една од ѕвездите за кои постојано се коментира дека колку колку што повеќе стареат толку подобро изгледаат. Имено Лопез оваа година наполни 51 година, но по се она што гледаме со сигурност можеме да кажеме дека изгледа речиси двојно помладо. Таа постојано вежба и ја одржува својата фигура, секако тука е и генетиката, будејќи нејзината мајка исто така изгледа двојно помладо иако има 75 години, но сепак можеби најголема улога играат стилстите.

Деновиве, стилистот Крис Аплтон кој покрај Џеј Ло, се грижи и за изгледот на Ким Кардашијан и Дуа Липа, на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која Џенифер Лопез позира со нова фризура.

Имено, познатата пејачка се одлучила за шишки, и повторно ставила долги екстензии. Таа секогаш изгледа неверојатно, но ваквиот изглед ја прави уште помладолико. По се изгледа дека најдобрите стилисти ги знаат сите трикови за убавина, па не е ни чудо што светски познатите ѕвезди изгледаат, онака како што изгледаат… совршено.

Фотографијата веднаш собра скоро 50.000 лајкови на неговиот профил, а фановите напишаа бројни комплименти.

„Одлично изгледате со шишките“, „Вие навистина не стареете“, „Убава како и секогаш“, „Ми се допаѓа овој изглед“, „Вака изгледате уште помлада“, напишаа тие.