Изгледајте убаво, но и заштитете се: Како да носите и кармин и маска?

ИЗВОРСкопје24
|

Жените кои не можат да си го замислат излегувањето од дома без шминка и кармин кој е нивен заштитен знак, се соочија со проблем за време на здравствената криза поради тоа што за да го заштитат нивното здравје многу позначајно е носењето на маски.

Она што најмногу предизвикува нервоза кај жените е што ако ставите кармин, автоматски значи дека маската ќе ја извалкате, тој ќе се размачка и ќе се впие во маската, па голема е веројатноста дека кога ќе ја извадите заштитната маска воопшто нема ни да остане трага од шминката или уште полошо кармнот ќе биде размачкан насекаде на лицето.

Поради тоа, голем број жени одлучуваат и да се збогуваат со карминот во ова време кога маската е задолжителна. Сепак, експертите за шминка велат дека кармин и маска сепак можат да се носат заедно, па за таа цел откриваат неколку совети:

Усните одржувајте ги хидрирани, но не и лепливи, па вишокот балсам или кармин секогаш бришете го.

Со молив за усни направете основа. Исполнете ја целата површина на усните со него. Нанесете кармин, во овој случај најдобро ќе биде да мат, но можете да пробате и некои со мазен и сјаен финиш. Во тој случај направете уште неколку трикови.

По нанесувањето на карминот, на хартија отстранете го вишокот, а потоа карминот фиксирајте го со пудра во прав (translucent setting powder). Тој создава бариера која спречува пигментите и маслата да остават трагови на маската и ќе дадат мат финиш дури и на најсјајниот кармин. Ако е потребно, последниот чекор повторете го уште еднаш.

И секако, не заборавајте да ставите маска.