Изгоре ресторан во центарот на Скопје

|

Министерството за внатрешни работи информира дека пожар рано утринава избувнал во ресторан во близина на Авто мото сојузот на Македонија.

Повредени лица нема, но е причинета материјална штета.

Пожарот бил гасен од 9 пожарникари со 4 возила.

Од МВР појаснуваат дека во СВР Скопје во 04:33 часот е пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ избувнал пожар во угостителски објект при што опожарени се внатрешноста на објектот и кровната конструкција.