Изгореа два автомобили во близина на Порта Влае (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Два автомобли изгореа утринава во близина на Порта Влае. Како што објави Сител, инцидентот се случил околу 04:30 минути.

Жителите кои утринава ги забележале изгорените автомобили, велат дека не е прв пат во овој дел од градот да се палат возила.

Командирот на противпожарната бригада Владимир Симоновски информира дека интервенирале со две противпожарни возила и 5 пожарникари.

Ова не е прв ваков случај ниту во Скопје, во последниве неколку години се почести се ваквите случки во текот на ноќта, а понекогаш се случуваат дури и на сред ден. Палењето автомобили во голем дел од случаите се прави со цел намерна оштета, одмазда или враќање на долг, додека поретко е случаен чин на вандализам.