Изгореа три трафики во центарот на Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Во центарот на Скопје, во близина на хотелот „Холидеј Ин“, изгореа три трафики, во пожар, кој според првичните информации избувнал синоќа околу 4 часот по полноќ, јавува Макфакс.

Причините за пожарот се уште не се познати, а материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Утрово на местото на настанот можеше да се забележи како се расчистува локацијата каде синоќа избувнал пожарот.

Инаку во главниот град се почеста е сликата на контејнери кои се намерно запалени и горат. Така пред неколку недели запален беше и еден контејнер во центарот на Скопје пред прговскиот центар Буњаковец за време на полициски час, односно при самиот негов почеток околу 4 часот.