Излупете компир без нож, лупалка и мака – Има мал трик

ИЗВОРСкопје24
|

Ако сакате да излупите компир за некој деликатес, без да се мачите, освен со нож или лупалка, може да ја употребите и методата наречена бланширање.

Земете ги компирите и ставете ги неколку минути во врела вода, а потоа веднаш во ладна вода околу 15 секунди. Кората сама и без мака ќе се лупи.

Нема да се распадне ни едно компирче – Важно правило кога пржите компир

Ако сте љубител на пржени компирчиња, а веројатно не постои човек на планетава кој не ги сака и ги прави барем еднаш неделно, ви нудиме трик како секогаш да ви останат цели, без да се распаднат. Ќе бидат вкусни, крцкави и совршено испржени.

Трикот се состои во тоа што на крајот на пржењето во врелото масло, треба да ставите сол. Не се става пред или додека се пржа, се става речиси на крајот. Така нема да се ронат и рамномерно ќе се распореди солта.