Изменет сообраќаен режим во Скопје поради протест

ИЗВОРСкопје24
|

Денес (26.03.2021) со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата на Република Северна Македонија.

Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот затворени за сообраќај ќе бидат повеќе улици: Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, соопшти МВР.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.