Измени во законот за трговија поради превенција од болеста

ИЗВОРСкопје24
|

На владина седница е утврден текстот на предлог-законот за трговија со цел да се обезбеди превенција и зајакнување на заштитата на здравјето на населението од ширењето на новата болест во услови на вршење трговија на мало.

Измените во законот за трговија се потребни за да се продолжат да важат мерките кои беа предвидени со Уредбата со законска сила според која трговците на мало во услови на панде*ија се должни да постават ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред објектот, да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, како и други мерки, а имајќи предвид дека истекува важноста на оваа Уредба, соопшти Владата.

Владата на денешната 24 седница меѓу другото ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2020 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2020 година.

Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.11.2020 година (четврток); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27.11.2020 година (петок); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.11.2020 година (понеделник), и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2020 година (вторник).