Известување од ЕВН: Еве каде ќе нема струја утре

|

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 27.10.2021 година (среда) поради веке закажани технички зафати во мрежата, без напон ќе бидат:

– од 09.00 – 15.00 часот дел од ул. Тетовска како и дел од бул. Кочо Рацин во близина на СУГС Раде Јовчевски Корчагин (Центар)

– од 09.00-13.00 часот вториот кат од ТЦ Олимпико на бул. Митрополит Теодосие Гологанов, објекти до ОК Хотелот и ОК Хотел (Ибис Хотел) (о. Карпош)

– од 09.45 – 13.30 часот дел од улицитите Тиранска, Лука Геров, Пеклане и Шарпланинска (о. Ѓорче Петров)

– од 10.00 – 14.00 часот дел од улиците Румена Хаџи Панзова и Мукос (о. Кисела Вода) и

– во време од 10.30 – 12.30 часот дел од улиците Њуделхиска и Атинска (о. Карпош).