ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЕВН: Овие делови од Скопје утре ќе останат без струја

loading...

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат од 8.30 до 13.30 часот, селото Горно Соње ( Општина Сопиште ), од 8.30 до 14.30 часот, корисниците од селата: Смилковци, Страчинци, Виниче, Раштак, Булачани и Црешево ( Општина Гази Баба ).

Додека од 8.30 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Панче Неделковски поточно објектите со парните броеви: од 48 до 70, како и со броевите: 53, 57 и 61 ( Општина Чаир).

Без струја од 8.45 до 11 часот, ќе бидат и корисниците од дел од ул. Вера Јоциќ (Општина Кисела Вода ), од 9 до 15 часот, корисниците од село Батинци, улиците со бр.4, 6 и 7 (Општина Студеничани ).

Од 10 до 12 часот- корисниците од селата: Чајлане и Семениште (Општина Сарај ), додека од 11 до 15.30 часот, струја ќе немаат дел од улиците: Емил Зола и Виктор Иго ( Општина Кисела Вода).

Потсетуваме дека 600 000 домаќинставата до ноември треба да изберат од кого ќе купуваат струја следната година, кога почнува и целосната либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Регулаторната комисија очекува понуди за домаќинствата да дадат осум компании кои активно работат и имаат лиценци за снабдување. Тие ќе ја одредат цената на струјата но и тоа дали ќе остане евтината тарифа од два часа на ден.

Доколку домаќинстава не потпишат договор со никого, по автоматизам ќе се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач што допрвата треба да биде избран на јавен оглас.

„Секое домаќинство, особено малите потрошувачи имаат право од регулираниот пазар да отидат на слобопдниот пазар и да се вратат назад. Рокот е 21 ден. Дали ќе има пшенали зависи од договорите кои ќе потпишат снабдувачите, досега праксата покажала дека за домаќинствата нема казнени пенали, туку се оставаат слободно да избираат.“ – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија.

Бислимоски тврди дека правилата за снабдување, кои се направени според новиот Закон за енергетика, се во целосна заштита на потрошувачите. Посебен акцент ќе се стави на ранливите категории кои не смеат да бидат исклучени од струја во зимските месеци.

„Очекувам дека покрај стандардните потрошувачи кои примаат одредена социјална помош, опфатот на ранливите клатегории на потрошувачи на кои нема да може да им се исклучува струјата ќе биде зголемен, зоштѕо имаме потрошувачи кои имаат проблем со наплаќањето на струја.“ – изјави Бислимоски.

Во моментов 93 проценти од потрошувачите редовно си ги плаќаат сметките за струја.
Дали и на слободниот пазар компаниите ќе ги исклучуваат домаќинствата за една неплатена сметка, дополнително ќе се одлучува.